Заедницата на критичари „TC Candler“ објави листа на 100 најубави лица во шоу-бизнисот. Кога се мажите во прашање, на прво место е Хенри Кавил, познатиот актер од Велика Британија.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Втор на листата е раперот, танчер и пејач на Stray Kids, Хванг Хјунџин.
Оваа листа се објавува од 1990 година и ги содржи 100-те најубави лица избрани од приближно 160.000 познати личности ширум светот.
Првото место на оваа листа минатата година го зазеде моделот и актер Паинг Тахон, а една година претходно јутјуберот PewDiePie.
Во 2018 година за маж со најубаво лице беше прогласен Џејсон Момоа.
39-годишен актер, Хенри Кавил, на јавноста и е најпознат по улогите на Супермен и Гералт од Ривија во серијата „The Witcher“, а се најде и на листата на потенцијални кандидати за следниот Џејмс Бонд.
Кавил е во врска со водителката Натали Вискузо од април 2021 година, а двојката својата романса ја потврди со романтични фотографии на Инстаграм.
View this post on Instagram
View this post on Instagram