18:19 - 4 април, 2026

Откриени хонорарите на актерките за продолжението на серијата „Сексот и градот“

Веќе е потврдено дека Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис ќе ги снимаат новите епизоди од култната серија „Сексот и градот“, но без Ким Катрал, а сега протекоа инфорамции и за нивните хонорари.

Римејкот на „HBO Max“ ќе го носи називот „And Just Like That…“ и ќе има 10 епизоди кои ќе траат по 30 минути, а актерките за овој нивни ангажман ќе добијат по еден милион долари, тврди „Variety“.

Серијата ќе го следи пријателството на Кери, Миранда и Шарлот како и нивниот љубовен живот во 50-те години, а според плановите снимањето треба да започне на крајот на пролетта.

Сара на Инстаграм го објави видеото како најава за серијата, а први се огласија и нејзините познати колешки.     View this post on Instagram           

„Даааа“, напиша Риз Витерспун. „Не можам ниту да дишам“, истакна Дру Баримор. „Врескам од длабочината на белите дробови“, коментираше Зои Кравиц.

Многу обожаватели не можеа да го сокријат воодушевувањето поради снимањето на продолжението на серијата, но многумина забележаа и дека Ким Катрал навистина ќе недостасува.

Слични објави

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....