10:42 - 31 март, 2026

Откако брутално го претепаа син ѝ, Снежана Ѓуришиќ го откажа учеството на концертот посветен на Шабан Шаулиќ

Во организација на „Фондацијата Шабан Шаулиќ“, на 17 февруари 2026 година во Сава Центар ќе се одржи хуманитарен концерт во чест на големиот музички уметник Шабан Шаулиќ. „Фондацијата Шабан Шаулиќ“, која ја основа семејството на уметникот, има за цел да им помага и да ги поддржува младите и талентирани уметници, а сите средства од продажбата на билети ќе бидат насочени кон нивно образование и обука.

На оваа специјална вечер, која има за цел да ја зачува традицијата и сеќавањето на Шабан Шаулиќ и неговата музика, требало да настапат: Нермин Ханџиќ, Емир Хабибовиќ, Снежана Ѓуришиќ, Беки Бекиќ, Илда Шаулиќ, Марија Шерифовиќ и Александра Пријовиќ.

Меѓутоа, како што дознава српски „Телеграф“, Снежана Ѓуришиќ го откажала настапот, а наместо тоа на сцената ќе се качи Саша Матиќ.

Снежана Ѓуришиќ доживеа голем шок откако нејзиниот син Марко Гвозденовиќ беше брутално претепан во стан во Врачар и итно префрлен во болница.

Да потсетиме, синот на пејачката Снежана Ѓуришиќ, Марко Гвозденовиќ, беше претепан на 15 февруари.

Марко Гвозденовиќ (46), син на пејачката Снежана Ѓуришиќ, беше претепан во стан во Белград, а Првото основно јавно обвинителство во Белград објави дека осомничениот М.Ќ. е уапсен.

„Ве известувам дека по повод настанот од 16 февруари 2026 година, во кој едно лице претрпе тешки телесни повреди на улицата Хумска во Белград, М.Ќ. е приведен во траење од 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело тешка телесна повреда. Во наведениот рок, осомничениот ќе биде изведен пред јавниот обвинител со кривична пријава, по неговото сослушување, обвинителството ќе се огласи за понатамошните постапувања“, беше соопштено од Првото обвинителство.

Како што е дополнително наведено во соопштението, имајќи предвид дека се сомнева дека осомничениот имал соучесници во извршувањето на кривичното дело, тие сè уште се бараат.

Според неофицијални информации, Гвозденовиќ им кажал на истражните органи дека на нападот му претходел повик од сосед.

Според медиумите, тој отишол на договореното место мислејќи дека одредени несогласувања со соседот ќе ги реши со разговор. Сепак, наместо дијалог, следеле низа удари.

Слични објави

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....