9.8 C
Скопје
19:24 - 10 март, 2026

Ослабела дури 23 килограми: Александра Пријовиќ откри која е нејзината тајна за убав изглед

Александра Пријовиќ важи за една од најзгодните пејачки на домашната јавна сцена и изгледа подобро од кога било.

Сепак, по породувањето се соочила со вишок килограми, а со редуцирана исхрана успеала да ја доведе линијата до совршенство и да ослабе 23 килограми. Како што некогаш истакнала, за три месеци се „стопила“ и се вратила на старата тежина.

– Кога се породив, имав 23 килограми повеќе од претходно. Додека бев бремена, не внимавав многу, и во последните три месеци од бременоста драстично се здебелив, затоа што постојано имав киселини и јадев теста, мислев дека ќе ми биде полесно. Кога почнав да размислувам дека наскоро треба да се вратам на работа, се освестив, бидејќи како млада мајка и жена сметав дека треба да се грижам за себе и да изгледам убаво. Верував дека лесно ќе го решам тоа. Си ги сакам слатките, сакам тесто… Сè сакам од слатки. Со исхрана, после три-четири месеци имав дури и помала тежина од порано – откри пејачката тогаш.

По слабеењето, Александра знаела навечер да си дозволи по едно пиво.

– Па, не почнав веднаш со пиво (смеење), но кога стигнав до посакуваната тежина, ѝ признав на Ана, нутриционистката, а таа ми рече дека не е страшно, така внесувам Б витамин. Не е баш здраво, ама… – рекла Александра тогаш.

Слични објави

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо
Се вчитува....