8.8 C
Скопје
10:01 - 31 март, 2026

Њу ејџ номадките од „Перија“ го издадоа новиот мини албум „Кокало“: Ова е 50-то издание на издавачката куќа „Шарла“

Минатиот петок (17.04.2020) излезе јубилејното 50-то издание на независниот музички издавач Шарла. Се работи за првото официјално ЕР издание на групата Перија со наслов Кокало ЕР.

„Перија“ ја сочинуваат три девојки од Скопје – Катерина Димитровска, Леа Милиновиќ и Филис Синаноска, а како тие постојат од 2015 година.


Музичката позадина на овие Њу ејџ номадки е во балканските традиции под силното влијание на музиката на Ориентот. Сепак, современиот, стилизиран израз го прави ова трио уникатно во својата мисија да го реконструира културното минато преку стари песни и приказни за љубовта и страдањето.

Свирачки, располагаат со завидна вештина креирајќи прекрасна атмосфера во која ги сместуваат своите епско-лирски искуства од патувањата низ улиците на историјата на овие простори. Автентичниот звук на уд, тамбура, бендир и кемане, надополнет со пријатните вокали на Кате, Леа и Филис и нивните нежни мелодии лесно ќе ве транспортираат во време-просторот каде се случувале секојдневијата на нашите предци.

Перија – Кокало ЕР може слободно да се преслуша и симне(free download) на следниот линк:
https://sharla.bandcamp.com/album/kokalo-ep

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....