19.8 C
Скопје
01:59 - 16 септември, 2026

Нокаут вредни и во време на пандемија: Спот за „Сакам да живеам“, документарец, нов албум и лого на бендот! (ФОТО)

Иако во моментов живееме во еден исклучително тежок период на социјална дистанца , намалени контакти,финансиска криза, „Нокаут“ се реши да внесе малку свежина во етерот.

Денеска тие го промовираа спотот за макфестовската победничка тема „ Сакам да живеам“, на која како автори се потпишаа Огнен Неделковски,  неговиот син Филип и самиот Пере.

– Режијата е на Јован Куциноски, со кој го рабоетвме и видеото на „Позитивно“. Спотот е снимен на локации во Маврово и во Охрид. Се надеваме дека успеваме на најдобар можен начин да ги пренесеме емоциите кои ги носи самата песна – изјави Никола Перевски – Пере на денешната промоција.

Бендот го најави и документарниот филм со работен наслов „ Би се викал Нокаут“ во режија на нивниот драг пријател Владимир Митревски Ѓуле.

–       Тој заедно со неговата екипа последниве неколку месеци  не следи секаде каде што одиме и лови интересни моменти од нашите настапи, проби, дружби. Во него ќе бидат вклучени и песните од новиот албум , кои се снимени во живо , само за потребите на    документарецот.Ветуваме необичен видео документ со многу необична приказна – откри Перевски.

Новиот , четврти студиски албум на „Нокаут“,  е во завршна фаза. Дел од песните кои ќе се најдат на изданието се веќе објавени. А дел од нив се комплетно нови. Неговата промоција се планира за почетокот на следната година. На промоцијата беше претставено и новото ребрендирано лого, кое ќе биде белег на следни проекти  бендот. Дизајнот на логото го направи Андреј Марјановиќ.

Погледнете го спотот:

Слични објави

Дара Бубамара без влакна на јазикот за Џејла: „Секогаш таа некако излегува сирота“

Еспресо

Ме испрати на пат на пеење и вечно се успокои: Ивона Јо со срцепарателна приказна за татко ѝ

Еспресо

Цеца откри како изгледа животот во домот на Анастасија по раѓањето на синот: „Тој сега е центарот на светот“

Еспресо

(Фото) Неда Украден во костим за капење собра комплименти, но и една забелешка

Еспресо

(Фото) Весела и разиграна: Каролина уникатно облечена скокаше на сцената во Гевгелија

Еспресо

Се сеќавате ли на девојчето Леонтина и нејзината измислена песничка за првиот училиштен ден? 10 години подоцна, направи нова верзија

Е.А.
Се вчитува....