7.8 C
Скопје
19:39 - 12 март, 2026

Нина Бадриќ го одложи концертот во Белград: „Невозможно е да се одржи во таква атмосфера“

Пејачката Нина Бадриќ одлучи да го одложи својот концерт во Белград, закажан за сабота, 12 април, во белградската Арена.

Одлуката за одложување заеднички ја донесоа организаторите и пејачката, а откриено е и новиот датум — 17 мај. Концертот требаше да биде дел од нејзината турнеја „Моите луѓе“.

„Концертот на Нина Бадриќ во белградската Арена е одложен. Поради на сите јасни причини, во кои не е можно одржување на концерт на високо професионално ниво, решивме да го поместиме датумот“, објавено е на нејзиниот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)


Нина се заблагодари на разбирањето од фановите.

Фановите ја поддржаа нејзината одлука со коментари како „браво“ и „најдобро е така“, додавајќи дека ако ја чекале досега, ќе почекаат уште еден месец за да уживаат во нејзините хитови на сигурен начин.

Одложувањето се случи во период кога Србија протера тројца хрватски државјани во последните три дена. Меѓу нив и раководителот на претставништвото на Хрватската стопанска комора, кој со години живее во Србија.

Амбасадорот на Хрватска во Србија, Хидо Бишчевиќ, потврди дека сите споменати хрватски државјани се протерани бидејќи се сметаат за закана за безбедноста на Србија.

„Се протеруваат на една година, па не е сосема јасно дали по истекот на таа година тие веќе нема да се сметаат за закана“,  изјавил Бишчевиќ.

Слични објави

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо
Се вчитува....