3.8 C
Скопје
20:31 - 27 март, 2026

Николина Пишек завршила во затвор: По години откри зошто била приведена и ги шокираше сите!

Хрватската водителка Николина Пишек со една реченица предизвика вистинска лавина реакции на социјалните мрежи, откривајќи дека пред 15 години завршила во затвор на Карибите.

Повод за нејзиното признание беа фотографиите што ги објави пејачката Нина Бадриќ, која моментално престојува на Карибите и со фановите споделува моменти од својот одмор.

Под објавата, Николина се јави со неочекуван коментар:

„Јас бев таму пред 15 години и завршив во притвор на Сент Мартин затоа што немав виза. Многу убав затвор“, напиша таа, оставајќи ги следбениците во неверување.

Нина веднаш ѝ возврати со доза хумор:

„Кажи ми дека и затворот таму е прекрасен. П.С. Мораш повторно да одиш, за да создадеш поубави спомени од Карибите“, ѝ порача пејачката.

Инаку, Николина неодамна јавно проговори и за еден од најтешките периоди во својот живот, по ненадејната смрт на сопругот Видоје Ристовиќ.

„Сакав долг брак, среќно семејство и љубов до крајот на животот. Заљубена сум во самата љубов“, изјави таа, додавајќи дека по неговата смрт се нашла на животна раскрсница.

„Воопшто не сум таму каде што мислев дека ќе бидам на овие години. Животот ме демантираше на сите полиња и пред неколку години сè се преврте наопаку“, искрено призна водителката.

Слични објави

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо

(Видео) Најпознатата српска инфлуенсерка проба хот-дог од 100 евра – злато, кавијар и оцена 10 од 10!

Еспресо

(Фото) Раперот Нучи итно хоспитализиран: Среде ноќ, со фотографија ги загрижи сите

Еспресо

(Видео) Среде настап ѝ паднаа забните навлаки – Манекенка од Тајланд ја освои публиката со смирена реакција на сцена

Еспресо
Се вчитува....