09:54 - 8 април, 2026

Никол Кидман: „Не сакам моите деца да користат Инстаграм бидејќи и јас не го разбирам“

Актерката Никол Кидман со нејзиниот сопруг Кит Урбан ги воспитува своите деца на традиционален начин. Таа сака нејзините ќерки, 12-годишната Сандеј и тригодини помладата Фејт да градат свој став и самодоверба без влијанието на социјалните мрежи.

Австралиската актерка во вторникот, преку видео врска, беше гостинка на панел дискусија во која се зборуваше за мајчините грижи. Иако мајчинството е огромна радост за неа, 53-годишната ѕвезда вели дека нејзината цел е да ги води и воспитува своите деца, а не да стане „родител на хеликоптер“ кој постојано ќе ги надгледува или ќе им поставува услови.

Кидман вели дека се плаши од влегувањето на Сандеј и Фејт во светот на социјалните мрежи и признава дека и самата не ги владее многу.

– Многу ми е тешко што морам да ги следам и надгледувам, но и понатаму нема да дозволам да бидат на Инстаграм. Во моментов, моето 12-годишно дете сака да се вклучи во сето тоа и тука има малку „повлечи – потегни“ на таа тема , но не попуштам. Мислам и дека многу родители би се согласиле со мене, вели Кидман, чиј приоритет во воспитувањето е зачувување на самодовербата на децата.

– Јас сè уште ги насочувам, но не им „командувам“. Им дозволувам да прават грешки, „паднат и сами да станат“ и да се обидат да ја апсорбираат таа болка. Има толку многу работи во воспитувањето на децата, но на крајот тоа е една голема радост. Радост е што овие две прекрасни мали жени растат и откриваат нови работи од ден на ден. Го сакам тоа, вели Кидман.

Иако познатата актерка е блиска со своите биолошки ќерки, медиумите постојано пишуваат за нејзиното отуѓување од Изабела и Конор, нејзините постари деца која таа ги посвои со поранешниот сопруг Том Круз. Заладувањето на односите наводно се случило по нивниот развод, а се верува дека Изабела (27) и Конор (25) како и Круз се членови на Скиентолошката црква.

Слични објави

(Видео) Ивона Јо: Ми отсранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.
Се вчитува....