8.8 C
Скопје
06:33 - 20 февруари, 2026

Неда Украден потресена од смртта на Саша Поповиќ: Своевремено беа во љубовна врска, а останаа добри пријатели до крајот

Пејачката Неда Украден била затекната од веста за смртта на Саша Поповиќ, која ја дознала синоќа, непосредно пред да излезе на концерт.

„Затекната сум, во Бугарија сум. Дали сте сигурни во тоа?“, во шок прашала пејачката.

„Не знам што да кажам, потресена сум. Ова е голема тага и по неговото заминување ќе остане огромна празнина. Тој беше голем човек и вистински мајстор во својата работа“, накратко изјавила потресената Украден за Ало.

Познато е дека во младоста Саша Поповиќ и Неда Украден биле во љубовна врска, но за тоа ретко зборувале во јавноста. Неда ја споменала нивната романса и во својата автобиографија, а ова е еден од одломките – делот во кој Поповиќ ѝ дошол во четири наутро, барајќи „потврда за нејзината љубов“.

„Мораше да бидам начисто – дали ме сакаш, Неки, или не?“, ме праша директно, на начин кој не можеше да биде подиректен.

„Аууу, па ти затоа дојде во четири наутро… За да го чуеш одговорот! Можев и по телефон да ти го кажам тоа! Не требаше да трошиш пари на гориво и цвеќе“, се обидував да бидам духовита и да го насмеам малку.

Ме гледаше смртно сериозно. Таков никогаш не сум го видела.

„Значи, не ме сакаш! Во ред, тоа сакав да го слушнам“, рече решително, стана и тргна кон вратата.

„Ало, каде ќе одиш? Каде си тргнал?“, брзо застанав пред него, сфаќајќи дека ситуацијата станува сериозна и дека ќе си замине уморен, во самата зора.

Го гледав во очи и гласно изговорив:

„А што ако ти кажам дека те сакам? Што ќе правиме сега?“

Стоевме до вратата како две возрасни деца кои инаетливо ја префрлаат вината едно на друго. До вратата, со тажно и покиснато лице, ми изгледаше уште поситно, како мало дете, како натажено маче“, раскажува Неда во својата книга „Зората се разденува“.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....