20:25 - 11 април, 2026

Неда Украден доби критики дека користи фотошоп, таа им одговори: „Љубоморни едни, зошто ме следите?“

Пејачката Неда Украден (74) со години ги изненадува обожавателите со својот младешки изглед. И додека голем број нејзини фанови ја фалат нејзината линија и беспрекорниот стил, има и такви кои не се согласуваат и критикуваат.

Таа на својот Инстаграм профил неодамна објави нова фотографија на која позира во едноставен виолетов едноделен костим за капење.

„Збогум море, тргнав на планина“, напиша таа покрај објавата, цитирајќи ја познатата песна на „Бијело Дугме“.

Некои следбеници ја обвинија дека тајната на нејзиниот беспрекорен изглед е, всушност, фотошоп.

„Отвори Фотошоп и направи девојка од баба“, „Лесно е да изгледаш така кога не си кренала ништо потешко од лажица“, „Недо, имаш 70 години и се сликаш во гаќи“, гласат дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

На крајот се огласи и самата Неда која им одговори на критиките.

„Ајде, имаш оштетен вид, па не можеш да видиш што е фотошоп, а што не е. А и тоа што не ме сакаш, а ме следиш и се нервираш, и тоа е во ред. Бидејќи како може една карикатура како тебе да ме сака? Но, зошто чувствуваш потреба да ја завиткаш својата љубомора во шовинизам и притоа без никаков срам да ја објавиш? Мене ми е жал за тебе. Можам да замислам колку си изнервирана. Уф, колку патетично“, ѝ напиша Украден на една следбеничка што ја искритикува.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....