15:06 - 10 ноември, 2026

Стоматолог објасни: Дали знаете дека контроверзниот Десингерица може да ви пренесе кариес?

„Дојдете да се тепаме по глава и да си плукаме во уста… Само се шегувам, тоа е само по нарачка, не може секој“, изјави неодамна контроверзниот српски рапер Драгомир Деспиќ (31), попознат како Десингерица, во видео на ТикТок, кога ги покани следбениците на еден од нивните настапи во Хрватска.

Веќе е општо познато дека за време на „настапите“ ги удира луѓето со патики по глава, им полива скап алкохол и си тера мајтап со фановите. Сепак, регионот најмногу се згрози на почетокот на летото кога за време на еден свој настап ѝ плукна во уста на девојка од публиката.

Тој потег го заинтригира и бањалучкиот стоматолог д-р Дарко Тевановиќ, кој објави видео на ТикТок во кое ги информира луѓето дека Десингерица може да шири кариес со плукање во устата.

„Кариесот е дентална болест која настанува кога бактериите од денталниот плак произведуваат киселина од шеќерот која ја уништува глеѓта и создава празнина во забот. Од бактериите се издвојува Streptococcus mutans, кој може да се пренесе од еден на друг преку плунка“, објасни стоматологот и додаде дека преносот може да се случи со споделување прибор за јадење, дување на храна, бакнување, па дури и размена на плунка.

„Сепак, преносот на оваа бактерија со плунка е само еден од факторите за формирање на кариес. Оралната хигиена и навиките во исхраната секако имаат големо влијание“, објасни д-р Тевановиќ.

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....