22:28 - 8 април, 2026

„Не беше лесно“: Шер прозборе за половата транзиција на синот

Синот на дивата Шер во 2009 година објави дека е транссексуалец. Шер објасни зошто ѝ било тешко да ја прифати транзицијата на почетокот, иако ја поддржува ЛГБТИ заедницата.

51-годишниот Чаз Боно е единственото дете на славната двојка Шер и покојниот Сони Боно, и бил роден како девојче Честити. Чаз прво откри дека е геј, а потоа во 2009 година откри дека е транс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chaz Bono (@therealchazbono)

Неговата транзиција беше финализирана во 2012 година, кога исто така беше подложен на операција за промена на полот и легално го смени името.

Како што раскажа во интервју со 67 -годишната Опра пред неколку години, животот пред транзицијата не му бил воопшто лесен.

„Уште како дете се чувствував како момче, и кога влегов во пубертет и добив облини, тоа ме вознемируваше. Се чувствував како моето тело да ме изневерува затоа што правеше сè спротивно од она како се чувствував. Животот пред транзицијата беше навистина тежок“, рече тој.

Фото: EPA/PAUL BUCK

Со помош на хирургија и хормонска терапија, Чаз станал човек задоволен од својот изглед. Папараците неодамна го фотографираа додека пазари во Лос Анџелес во опуштена и удобна комбинација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)

Шер објасни зошто ѝ било тешко да ја прифати промената на нејзиниот син на почетокот:

„Го слушнав неговиот стар глас на телефонската секретарка и ми беше многу тешко. Наскоро сфатив дека не сум го изгубила, туку дека тој е само во друга форма“, изјави таа за „СИ -ЕН -ЕН“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cecilia (@_cheralina.flax_)

Шер е позната легенда и икона на ЛГБТИ заедницата, бидејќи отсекогаш ги поддржувала и се борела за нивните права.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо

Луна Ѓогани откри зошто не ги поканила Весна и Ѓоле на роденден: „Ова е вистинската причина“

Еспресо
Се вчитува....