07:32 - 6 април, 2026

Наташа Беквалац за нејзината најголема љубов: „Тој ми беше најголем учител, но и мачител“

Пејачката Наташа Беквалац за првпат отворено зборуваше за љубовта со покојниот бизнисмен Миодраг Костиќ Коле, како и за причината поради која раскинале.

Наташа наведе дека „Коле ѝ бил најголемиот учител, но и мачител“. Бидејќи првпат зборуваше за сѐ, Амиџиќ ја праша и дали Коле ја финансирал нејзината кариера.

„Под негово покровителство не ме држеше никако, сите други начини да, но под покровителство не! Ниту ме финансираше, напротив, правеше сѐ јас да не бидам пејачка. Тој сметаше дека да има таква жена покрај себе не е доволно сериозно за она што е тој“.

Наташа откри дека Коле ја запросил, но дека нивната љубов не успеала бидејќи тој сакал таа да престане да се занимава со пеење.

„Па тоа беше сериозно од почетокот, но немаше перспектива за брак иако тој ме запроси. Затоа што јас, иако тогаш многу млада, баш ми е тешко ова да го раскажам, како многу млада сфатив дека ако некој сака да се откажеш од нешто што го сакаш, дали е тоа љубов?

Во мојот случај музиката е мојата најголема љубов. Не можам ништо од тоа…“

На прашањето дали и денес би постапила исто, Наташа рече: „Можеби дури и порано би го направила тоа“.

На самиот крај откри и дека не разговарала со родителите неколку месеци поради љубовта со постариот бизнисмен.

„Беше многу осудувачки, бидејќи јас тогаш бев многу млада жена. Иако зборуваа, „гледај ја оваа се забавува со овој старец“, јас тогаш се забавував со човек кој имаше 39 години. Јас бев многу млада. Што зборуваш?“, рече Наташа.

Сега од аспект на родител мене не би ми било сѐ едно. Би се шокирала, како што се шокираа и моите родители, па така шест месеци не разговарав со мама и тато – призна таа.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....