6.8 C
Скопје
23:27 - 16 март, 2026

Наташа Беквалац откри што студира ќерка ѝ: Убавата Хана веќе некое време живее во Шпанија!

Мајката на Хана Икодиновиќ, пејачката Наташа Беквалац, проговори за својата ќерка, нејзините студии и новата одлука што ја донела откако се преселила во Мадрид.

Хана Икодиновиќ, ќерка на познатата пејачка и поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, се преселила во Шпанија за да студира психологија.

Наташа, гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“, зборуваше за приватниот живот и откри како го поднела заминувањето на ќерка ѝ во Мадрид. Притоа призна дека Хана се премислила околу изборот на факултет.

„На почетокот имавме мала дилема. Се запиша на психологија, а потоа ми рече: ‘Мамо, јас не сакам да студирам медицина’. Сега работиме на тоа да премине на маркетинг“, откри Беквалац и додаде дека сепак имала влијание врз нејзината одлука:

„Желбата е нејзина, но јас влијаев малку. Би сакала во иднина повеќе време да поминуваме заедно таму“, рече пејачката.

Хана Икодиновиќ во последно време сè повеќе го освојува вниманието на социјалните мрежи, каде што по прославата на нејзиниот 18-ти роденден стана многу активна.

Постарaта ќерка на Наташа плени со својата природна убавина, а секоја нејзина објава предизвикува лавина коментари и бројни комплименти. Многумина забележуваат дека Хана е „слика и прилика“ на својата мајка и дека убавината ја наследила токму од неа.

Да потсетиме, нејзиниот татко, Данило Икодиновиќ, неодамна се разведе од Маја Огњеновиќ.

Според пишувањата на медиумите, несогласувањата меѓу Данило и Маја биле чести во изминатата година, но парот успевал да ги надмине – сè до летово, кога одлучиле да ставaт крај на повеќе од десетгодишната љубов.

Како што наведува извор за медиумите, Маја Огњеновиќ и Данило Икодиновиќ седнале и се договориле мирно да се разделат. Одбојкарката потоа заминала сама во Италија, каде што живее поради професионалните обврски, додека поранешниот ватерполист останал во Белград. Од ова лето, тие не живеат под ист покрив.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....