18:29 - 6 април, 2026

На Сергеј Трифуновиќ му пукна филмот среде претстава – му пријде на момчето, му го зеде мобилниот телефон и го фрли…

Во театарот во Риека, Хрватска, при изведба на претставата „Ѕвезден воз“ на Белградскиот театар, со Воислав Брајовиќ и Сергеј Трифуновиќ во главните улоги, се случил своевиден „несакан настан“ меѓу глумците и публиката, пишува „Вечерњи лист“.

Посетители раскажале дека Трифуновиќ се шетал на сцената, на моменти видно изнервиран, а едно момче го сликало и снимало постојано. Во еден миг, актерот му пришол на гледачот, му го одзел мобилниот телефон и го фрлил на подот. Следело ракоплескање од другите присутни.

Меѓутоа, постојаното гледање во мобилен не е единственото нешто коешто му пречело на српскиот глумец… Изведбата на филозофската драма за проф. Бели и екс-затвореникот Црни, постојано била прекинувана со известувања од паметните телефони, мрморење од публиката, шушкање, а Трифуновиќ, според наводите, постојано се осврнувал и на кашлање во публиката што не можело да се занемари.

„Во еден миг, обраќајќи се кон првиот ред, рече дека може слободно да ја „отвори бонбоната“ бидејќи тоа воопшто не им пречи, а потоа на присутните им порача дека само тие (глумците) треба да разговараат, бидејќи „нема смисла да се натсинхронизираат“, сведочи еден гледач.

 

Слични објави

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

(Фото) Свршеникот на Јована Јеремиќ отиде на Света Гора – Тигар го посети манастирот Хиландар

Еспресо
Се вчитува....