7.8 C
Скопје
20:24 - 1 април, 2026

„Му реков дека ќе ме убие, но не се откажа“: Весна Ѓогани со шокантни откритија за бракот на Слаѓа и Ѓоле

Весна Ѓогани, која своевремено беше дел од танцовата група на Слаѓа Делибашиќ и Ѓоле Ѓогани, првпат по дваесет години јавно проговори за распадот на нивниот брак и случувањата зад сцената.

„Тие имаа многу проблеми, тоа беше очигледно. Почна бомбардирањето, заминаа во Германија, па се враќаа… Танцовата школа беше во прекин, исто како и целата земја. Се оддалечив од нив, бев многу тажна и чекав сето тоа да помине. Кога се вратија, промените беа повеќе од јасни“, изјави Весна.

Таа вели дека атмосферата се влошила – Слаѓа станала постудена, кавгите со Ѓоле зачестиле, а многу девојки веќе ја напуштиле школата. Единството кое постоело, почнало да се распаѓа.

Својот прв шок го доживеала кога дознала за разводот преку телевизиска емисија.

„Слаѓа гостуваше во една емисија и изјави дека се разведуваат, дека групата се разделува, кој сака нека оди кај Ѓоле, кој сака кај неа – таа ќе отвори нова школа. Тоа вечер дојдов во школата, останавме само јас и уште еден инструктор. Претходно доаѓаа над 100 луѓе, тој ден – едвај 20. Родителите ги пратија децата кај неа, затоа што така убаво раскажа – дека таа трпела, не добивала пари… Сите на нејзина страна“, раскажува Весна.

Ѓоле, пак, не зборувал многу. Еден ден само се појавил и рекол: „Дојдов да ве поздравам, нема да бидам некое време тука, одам.“

„Никој не знаеше каде замина. Тоа беше пред лето. Имавме уште два месеца школа, па – клуч на врата. Подоцна ми кажа дека бил на Палиќ. Таму, сам со себе, размислувал дали да се врати, дали да се откаже од сѐ. Седел и гледал во водата. Бил сосем изгубен – и бракот му се распаднал, и кариерата“, вели Весна.

Во тој период, Ѓоле почнал и да пие.

„Почна да пие вотка. Тој е многу емотивен човек, семејството му значеше сѐ. Разводот го доживеа како смрт. Слаѓа му зборуваше дека не вреди, го понижуваше. Многу мажи ѝ се додворуваа. Таа сакаше тој да ѝ го овозможи сѐ, а таа да ужива. Со тек на време целосно се смени. Тоа беше нејзин избор, нејзини победи или грешки – нејзин живот“, заклучува Весна Ѓогани.

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....