22:42 - 7 април, 2026

Можеби се прашувате колку заработија Шакира и Џенифер Лопез за настапот на Супербол: Одговорот ќе ве изненади

Настапот на полувремето на Супербол е голема работа, бидејќи милиони луѓе го следат овој настап преку малите екрани и на преполниот стадион.

Ако го погледнавте настапот на Шакира и на Џенифер, веројатно се прашувате колку заработија овие две пејачки за нивниот 15-минутен настап.

Можеби ќе се изненадите, но двете латино диви настапуваа бесплатно.

Пејачите кои настапуваат на ова познато полувреме не добиваат паричен надомест за својот перформанс. НФЛ го покрива само синдикалниот обем, што значи дека се подготвени да платат минимален број работници, кои треба да ги одработат основните работи околу организацијата на овој спортски настан и ги плаќаат трошоците на продукцијата.

„Вол стрит журнал“ тврди дека тие минимални трошоци изнесуваат околу 10 милиони долари во последниве неколку години.

Изведувачите сметаат дека е голема чест да настапуваат на Супербол и повеќето од нив тврдат дека сонуваат да настапат на овој настан и дека, ако некогаш добијат прилика за тоа нема да ја одбијат без оглед на тоа што нема да бидат платени.

Втората причина е масовната експонираност.

Супербол секоја година го гледаат повеќе од 100 милиони гледачи. Лејди Гага по нејзиниот перформанс на Супербол доживеа огромен скок на плеј-листите, а стримингот на песните на Џастин Тимберлејк е масовно зголемен по неговиот настап, пренесува Воменсхелт.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....