13:23 - 3 април, 2026

„Мојата сестра, моето сè“: Легендарните Маријана и Росана го слават 59. роденден

Сестрите близначки Маријана Новачевска и Росана Сариќ – Тодоровска денеска го прославуваат нивниот 59. роденден.

Ова музичко дуо, кое остави силен белег на македонската музичка сцена во осумдесеттите години, се појави на естрадата во 1982 година, со песната „Ти си моја вечна тема“. Оттогаш, тие испеаја голем број песни, меѓу кои и евергринот „Признавам“ од 1988 година.

Денес сестрите живеат на различни континенти, но секогаш кога Маријана доаѓа на гости од Австралија – тие ја користат приликата да нѐ потсетат на преубавите забавни мелодии кои своевремено ги изведуваа заедно.

Роденденски, Маријана ѝ посвети емотивна порака на Росана на својот фејсбук-профил.

„Мојата сестра, моето сè, мојата Росанче, мојата душа, мое сонце, мое небо, мојата ѕвезда… Да можев да бирам пак тебе би те избрала за сестра. Среќен ти роденден, здрава, жива и секогаш насмеана да си ми“, напиша таа.

Исто така, таа објави и видео на кое пее песна за нејзината сестра.

„Мила моја, не се договоривме да ме расплакуваш“, ѝ напиша Росана во коментар, на што Маријана ѝ одговори: „Ах, да можам да те гушнам баш на овој ден“.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....