4.8 C
Скопје
23:00 - 12 март, 2026

Миша Гроф и Николина Пишек повторно се „закачија“: Ќе ѝ дадам сè само ако полудам

Хрватската водителка Николина Пишек (50) неодамна проговори за врската и судскиот спор што го води со таткото на нејзиниот покоен сопруг Видоје, Витро Ристовиќ. Миша Гроф, како што е познат во јавноста, не ѝ остана должен, па се огласи и самиот.

Во изјава за „Курир“, Пишек рече дека нејзиниот поранешен свекор со своето однесување „ѝ го узурпира животот со скандалозни обвинувања и злонамерни склоности“ и дека има поддршка од бројни луѓе од српската естрада – Јелена Карлеуша, Ана Николиќ итн.

„Кој ѝ помогна на Николина? Карлеуша? Не знам ништо за тоа. Знаете, немам контакт со Николина. Вчера се јавив да ѝ честитам роденден на внуката и таа не ми одговори. Не ми даде да ја слушнам Уна Софија. Се обидов“, вели тој, пренесува „Курир“.

Фото: Принтскрин / Instagram

„Пишек го бара целиот мој имот. Не имотот на Видоје, туку мојот. Имотот го наследив од татко ми, мајка ми, баба ми, дедо ми и ќе се согласам да ѝ дадам сè само ако полудам. Знаете, вилата што таа не ја дава е изградена со мои пари. Убаво е и што најави дека ќе испрати покана за вселување, ќе ми биде задоволство да дојдам да ја видам внуката“, заклучи таткото на покојниот сопруг на Николина.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....