Милица Павловиќ присуствуваше на промоцијата на новиот албум на својата колешка Нина Бадриќ, каде што разговараше со новинарите за повеќе актуелни теми од естрадата.
Таа се осврна на изјавата на својот соработник Дејан Костиќ, кој зборуваше за Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот богат репертоар, застанувајќи во негова одбрана.
„Деки навистина е многу добар човек. Со тоа ништо не згреши кога рече дека Цеца може со прст да избира песни и репертоар. Жената има толку многу хитови, секој што ќе каже поинаку треба да се срами. Навистина тука не кажа ништо лошо, но не го испратив интервјуто до крај. А јас сум многу вредна, мислам дека никогаш не сум ни станала од таа столица. Постојано работам, 24 часа, навистина го сакам ова што го работам и се радувам на животот“, изјави пејачката.
Павловиќ зборуваше и за младата ѕвезда Јаков Јозиновиќ, кој во моментов е мета на критики дека кариерата ја гради на туѓи песни, но таа не се согласи со таквите напади.
„Ма кој го напаѓа? Дајте, ве молам. Убав како кукла, румени образи, тие убави шишки, косичката, каде и да се појави – полни. Само напред по својот пат. Како што би рекол Дино Мерлин: ‘Фурај, мали!’“, порача таа.
Младата пејачка откри и дали неодамна се сретнала со Јелена Карлеуша, со која веќе извесен период не е во добри односи.
„Не сум ја сретнала и не верувам дека би ѝ се јавила. Зависи од моето расположение дали би ѝ возвратила ако таа прва ме поздрави“, призна Павловиќ за „Телеграф“.
