7.8 C
Скопје
20:54 - 31 март, 2026

Милица Павловиќ брутално за Јелена Карлеуша: „Таа личност веќе не е дел од мојот живот!“

Милица Павловиќ синоќа во „Хаус оф Богиња“ го промовираше својот концертен филм „Лав“, а по завршувањето на официјалниот дел, ѕвездата одговараше на прашања на новинарите.

Пејачката искрено зборуваше за тоа како ги прекинува пријателствата и професионалните релации.

– Во моментот кога ќе почувствувам дека тоа повеќе не е тоа, јас кажувам во лице, се вртам и мене повеќе ме нема во тие приказни. Мене повеќе не ме интересира таа личност и крај. Ја прецртувам и повеќе не постои во мојот живот. Додека сум тука – сум лојална и гинам како пријател, но кога ќе прецртам – нема поправен. Од секогаш сум таква, уште од основно – кога ќе се скарам со другарка, престанувам да ја забележувам – изјави Павловиќ.

За првпат таа се осврна и на крајот на пријателството со Јелена Карлеуша.

– Таа тема воопшто не би ја коментирала. Сите личности кои сега не се во мојот живот – и не треба да бидат. Јас уживам и многу ми е убаво – нагласи пејачката.

На изјавата на Карлеуша дека ѝ недостасуваат сите луѓе кои повеќе не се во нејзиниот живот, меѓу кои и Милица, таа кусо одговори.

– Па, што да правиме тогаш? – со насмевка рече Павловиќ.

Слични објави

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....