22:28 - 8 април, 2026

Мик Џегер на својата девојка и купил на подарок куќа од два милиони долари

Славниот Мик Џегер ја воодушевил својата девојка Мелани Хамрик со необичен подарок.

Имено, легендарниот пејач на групата „The Rolling Stones“ купил куќа вредна два милиони долари за својата партнерка, пренесува списанието „People“.

Имотот се наоѓа помеѓу Сарасота и Брадентон, Флорида. „Областа е тивка, приватна и далеку од градскиот метеж“, изјавил извор близок до парот.

Мелани Хамик и Мик Џегер, наводно, се одлучиле за овој имот по виртуелна тура за продажба на имоти, а притоа никогаш не ја посетиле физички локацијата.

Куќата е уредена во медитерански стил, изградена во 2008 година, има неколку надворешни простории за живеење, два камини и базен во слободна форма. Внатрешноста е „класично формална“, со четири спални соби.

Мик Џегер и Мелани Хамик се запознале во 2014 година и од тогаш се неразделни.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо

Луна Ѓогани откри зошто не ги поканила Весна и Ѓоле на роденден: „Ова е вистинската причина“

Еспресо
Се вчитува....