13:30 - 13 ноември, 2026

Дали треба да се вакцинирате ако веќе сте го прележале коронавирусот?

EPA EFE

Доколку сте имале ковид-19 и сте стекнале некој степен на имунитет, а се мислите дали треба да ја примите вакцината, ова ќе ве интересира.

Лекарите сѐ уште истражуваат колку трае имунитетот после инфекција со коронавирус. Сега засега се смета дека нивото на антитела почнува да опаѓа после неколку месеци – ова посебно важи за асимптоматските и поблагите случаи, известува Huffpost.

Иако се потребни поголем број истражувања, стручните лица се надеваат дека лицата кои биле неодамна заразени со коронавирусот, можеби ќе можат да бидат безбедни неколку месеци без вакцина.

Оние кои се опоравиле од коронавирусот пред неколку месеци, би требало да ја примат вакцината штом ќе биде достапна.

Уште неколку информации кои требa да ги знаете:

Веројатно сте заштитени од коронавирусот неколку месеци по прележување на инфекцијата.

Докторот за заразни болести Онием Огбуагу од Универзитет „Јејл“, ја тестирал вакцината од „Фајзер“ и верува дека луѓето што го прележале ковид-19, не мора веднаш да примат вакцина.
Во случај на повторување на инфекцијата, ново заразување се случува најчесто од три до четири месеци после првото заразување.
„Прилично сме сигурни дека ризикот од ново заразување е навистина низок во првите неколку месеци“, вели докторот Огбуагу.

Сегашните истржувања се фокусирани на тоа да утврдат колку долго трае имунитет постигнат од вакцинирањето, меѓутоа докторот Огбуагу смета дека веројатно ќе мора да се вакцинирате, без разлика дали имате прележано корона или не.

Дали постои одреден ризик од вакцината ако веќе сте го прележале коронавирусот?

Нема многу истражувања за тоа како претходно заразените пациенти реагираат на вакцината против коронавирусот. Според докторот Огбуагу, клиничките истражувања на вакцината врз луѓето кои имаат прележано корона, тукушто се започнати, и наскоро ќе се дознае каква е реакцијата на вакцината во тело кое веќе има антитела.

„Добра вест е што вакцината на „Фајзер“ е сигурна за луѓето и кои имале и кои немале неутрализирачки антитела“, вели докторот Огбуагу.

„Нема причина да мислиме дека постои зголемен ризик од вакцинирањето“, вели тој.

Дали треба да се тестираме на антитела пред вакцинирање со вакцината на „Фајзер“?

Докторот Огбуагу смета дека тестирање на антитела нема да биде потребно доколу истражувачите не најдат вистински ризик од вакцинирање на луѓето кои веќе го имале вирусот (што е сѐ уште многу малку веројатно, меѓутоа не може потполно да биде исклучено како можност).

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....