5.8 C
Скопје
08:18 - 15 март, 2026

„Металика“ со срце за Турција и Сирија – ќе донира 250.000 долари

Хеви-метал составот „Металика“ ќе донира 250.000 долари (околу 230.000 евра) на хуманитарните организации „Дајрект релиф“ (Direct Relief) и „Ворлд централ кичен“ (World Central Kitchen), кои обезбедуваат помош за подрачјата погодени од земјотресите во Турција и Сирија.

„Немаме зборови за да го опишеме уништувањето во јужна Турција и северна Сирија. Земјотресот со јачина од 7,8 степени го претвори целиот подрачје во урнатини. Бројот на жртви продолжува да расте. Партнерските организации, „All Within Foundation My Hands“ (нивната фондација, б.п.), „Дајрект релиф“ и „Ворлд централ кичен“ работат на терен за да обезбедат медицинска помош и храна за жртвите од оваа катастрофа. „АФВМХ“ обезбедува грантови од 125.000 американски долари за секоја организација, заради поддршка на нивните напори“, соопшти „Металика“.

„Дајрект релиф“ обезбедува медицинска опрема, додека „Ворлд централ кичен“ работи на подготовка на над 125.000 оброци дневно. Донацијата доаѓа од непрофитната организација на американскиот бенд основана 2017 година за борба против гладот и во поддршка на образованието и други добротворни цели ширум светот.

Хеви-метал составот редовно донира пари во добротворни цели. Секој декември, на пр. тие одржуваат посебен годишен концерт наречен „Раце кои помагаат“ (Helping Hands) во Калифорнија, кој го полни буџетот на нивната хуманитарна фондација.

Слични објави

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо
Се вчитува....