8.8 C
Скопје
18:45 - 19 март, 2026

Марко Миљковиќ уапсен на аеродром: Полиција го сопрела пред летот за Германија – Луна во шок!

Поранешиот учесник на „Задруга“ и инфлуенсер Марко Миљковиќ доживеа непријатно изненадување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде бил приведен од полицијата и тоа непосредно пред да се качи на летот за Германија.

Марко, кој патувал во друштво на својот брат, бил запрен при пасошката контрола, а потоа задржан во полициска станица. Како што самиот раскажа во видео обраќање на својот јутјуб-канал, сè се случило поради стар сообраќаен прекршок – пречекорување на дозволената брзина надвор од населено место.

„Ништо драматично, но доволно за да ме задржат и да ми го променат денот. Наместо од Германија, ви се јавувам пред станица. Не ми ставија лисици, но формално ми беше одземена слободата“, изјави Марко во видеото, додавајќи дека целиот процес траел околу три часа.

Веднаш штом имал можност, се јавил на сопругата Луна Ѓогани, која, како што раскажува, останала без зборови кога слушнала што се случува.

„Беше шокирана. Не можеше да поверува. И јас едвај поверував“, вели Марко, кој по пуштањето од станица се врати дома кај своето семејство.

Иако сè поминало без поголеми последици, инцидентот предизвика голем интерес кај јавноста, особено бидејќи Марко и Луна важат за еден од најпопуларните парови на регионалната естрадна сцена.

Слични објави

„Маки“ по операцијата: Азис се пофали со новите силикони, па се пожали дека не може да закопча ниту една кошула

E.A.

Дали имаме нов холивудски пар? Се шушка дека Никол Кидман е во врска со ѕвездата од серијата „Менталист“

Еспресо

(Фото) „Мојата смисла на сѐ е во нејзината насмевка“: Каспер откри како ги поминува деновите со Мина Костиќ додека е во Америка

Еспресо

Што им носи пролетта на поле на љубовта на хороскопските знаци

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

(Фото) „Те носам со себе додека сум жив“: Најдобриот пријател на Драган Лазиќ стави тетоважа во негова чест

Еспресо
Се вчитува....