4.8 C
Скопје
00:14 - 14 март, 2026

Манескин го освоија црвениот тепих на Кан, премиерата на „Елвис“ со десетминутна овација

Синоќа на Канскиот филмски фестивал се случи премиерата на  филмот на Баз Лурман посветен на кралот на рокот: Манескин учествуваше во саундтракот со преработка на „If I Can Dream“. 

Ова е дебитирање на популарниот бенд во светот на филмот. На проекцијата беа присутни многу ѕвезди кои секако претходно продефилираа на црвениот тепих: Шерон Стоун облечена во црвен тесен фустан, Шакира, Рики Мартин, Жулиет Бинош, Кајли Миног, партнерката на Роналдо, Џорџина Родригез, Том Хенкс, и вообичаените десетици модели и инфлуенсерки кои специјално доаѓаат да парадираат, облечени во скапи брендирани модни комбинации, на црвениот тепих.

По проекцијата на филмот, Манескин настапија отсвирувајќи рокенрол ноти во чест на Присли кои одекнаа низ Кроазетата.

„Мислам дека секој современ уметник е под влијание на Елвис затоа што самата идеја за изведувач се роди со него. Пред него пејачите стоеја морно зад микрофонот“, изјави Дамијано. „Сите пораснавме слушајќи го Елвис. Плус, исто така мислам дека начинот на кој тој ги смени правилата на музичката индустрија во тоа време, правејќи сосема поинаков вид музика, беше навистина револуционерен. Тоа е уметничка порака која е актуелна и денес: треба да ја правите музиката што навистина ве претставува“, додаде Викторија Де Анџелис.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....