14:34 - 9 јануари, 2026

Манекенка откри дека Дикаприо е настран во спалната: „Ѝ стави перница на главата …“

Познатиот холивудски заводник Леонардо Дикаприо се најде на столбот на срамот откако моделот на Плејбој, Хик Конингс (22) ги откри сите детали од нивната средба во таен клуб во Лос Анџелес.

Имено, во него може да се влезе само со посебна покана, за гостите да имаат загарантирана приватност. Токму на тоа место се сретнаа актерот и оваа атрактивна девојка.

Во интервју за холандското издание на „Плејбој“, манекенката раскажала како се бакнувала со Лео, но дека сепак ја одбила понудата да оди кај него дома.

„Тој реагираше многу шокирано. Секако дека не е навикнат на тоа. Му реков дека не сакам, бидејќи не го познавам доволно“, рекла таа и додала дека тој одговорил: „Го почитувам тоа“.

Но, после тоа се свртел кон друга девојка, која сепак не можела да му одолее на познатиот шармер и заминала со него.

Моделот го оцени како „премногу чуден и премногу стар“.

Таа објасни како менаџерот на Дикаприо ја довел до масата на актерот, велејќи: „Лео сака да разговара со тебе“, а нивниот бакнеж го опишала како просечен.

„Беше во ред, но дефинитивно не најдоброто што сум го имала“, изјави тогаш моделот на Плејбој.

Манекенката потоа истакнала дека иако не спиела со Лео, имала неколку пријателки кои ја поминале ноќта со него и тврделе дека тој има некои бизарни желби во спалната соба.

„Една пријателка ми раскажа дека носел слушалки за време на сексот бидејќи не сакал да ја слуша, додека пак друга ѝ кажала дека тој ѝ ставил перница на главата“, објаснила таа.

Од друга страна, ПР-тимот на Леонардо Дикаприо накратко изјави за странските медиуми: „Лео без двоумење тврди дека никогаш не ја запознал оваа дама“.

Слични објави

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ пак во болница во Германија, уште една болка по тешката операција

msp-admin

Наташа Беквалац за бившите: Еве каков однос имала нејзината ќерка со Љубомир и Лука

Еспресо

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Еспресо

(Видео) Му пеела пред да почине: Калиопи откри интимна приказна

msp-admin

(Фото) Полугола и мокра, Маја Шупут во сензуална прегратка на Шиме

Еспресо
Се вчитува....