Ќерката на Наташа Беквалац и Данило Икодиновиќ, Хана Икодиновиќ, во последно време е многу активна на социјалните мрежи, каде што со своите објави привлекува големо внимание од јавноста.
Хана Икодиновиќ не крие колку е поврзана со својата мајка, од која неодамна првпат се одвои кога замина да студира во Шпанија, а сега на својот профил на ТикТок сподели видео кое многумина ги разнежни.
Имено, таа објави момент од промоцијата на Натаашиниот албум, кога двете заедно ја сечеа тортата, а во описот истакна дека најубав комплимент ѝ е кога ѝ велат дека личи на мајка ѝ.
„Ако мојата мајка некогаш помисли дека не е доволно добра, се надевам дека знае дека мојот омилен комплимент е кога ќе ми кажат дека личам на неа“, – напиша Хана.
Запиша психологија, па се покаја
Инаку, Наташа неодамна откри кој факултет нејзината ќерка го запиша во Мадрид.
„Ние уште на почетокот дојдовме до проблем – запиша психологија, а ми вели: ’Мамо, јас не сакам да студирам медицина‘. Сега сме во промена, преминува на маркетинг“, – рече Наташа во емисијата „Амиџи шоу“.
„Ќерките ми се приоритет“
Наташа неодамна истакна дека нејзините ќерки, ѝ се апсолутен приоритет и дека никогаш не би ги запоставила поради кариерата.
Наташа Беквалац за своите ќерки:
„Мој приоритет не е музиката, туку моите деца и мојата мајчинска улога, која е многу посложена, бидејќи сум самохран родител и на Хана и на Каќа. Никогаш не би ја ставила кариерата и музиката пред децата. Тие се пред и над сè. Се соочувам со стравови, несигурности, прашања – дали можам, дали имам капацитет сама да ги одгледам и воспитам моите деца. Имам силна вера во универзумот и во Бога, и знам дека Тој секогаш ти дава онолку колку што можеш да издржиш“, – порача неодамна пејачката.
