15:43 - 30 јануари, 2026

Македонецот што победи на „Ѕвездите на Гранд“: Го освоив Балканот, тоа ми е доволно

Македонскиот пејач Никола Станишиќ, кој победи во последната сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, во интервју за српскиот „Курир“ проговори за својот пат од анонимност до слава, откри дел од личната приказна, и сподели планови за иднината.

Неговата победа, како што вели, ја почувствувал уште во полуфиналето, кога добил огромна поддршка од целиот регион – од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, па и пошироко. Иако не ја исклучуваше можноста да не победи, вели дека љубовта и препознавањето од публиката му се доволни: „И да не победев, добив цел Балкан. Тоа што ме засакаа, што слушнаа за мене – тоа ми е најголемата победа“.

Станишиќ беше дел од тимот на Цеца Ражнатовиќ, со која веќе од порано сакал да соработува бидејќи, како што вели, пораснал со нејзините песни. Цеца, според него, му била голема поддршка и во тешки животни моменти, иако не сакаше да открие детали за личната трагедија што ја поминал за време на натпреварувањето.

Интересно е што неговиот татко, кој живее во Македонија, не бил присутен на финалето поради работни обврски, но сепак му бил силна поддршка во текот на целото натпреварување. Станишиќ објаснува дека татко му е Србин роден во Гњилане, кој поради војната се преселил во Македонија, каде што и тој е роден.

„Горд сум што сум Македонец и Србин – и двете земји ги чувствувам како свои,“ додава младиот пејач, кој сега е и српски државјанин.

Во однос на иднината, тој најави нова песна под капата на „Гранд“, а потоа и четири свои нумери за кои, како што рече, конечно дошол вистинскиот момент. Го споредуваат со пејачот Адил, што му годи, но љубовта, вели, во моментов не му е приоритет – фокусиран е целосно на кариерата.

На прашањето која ѕвезда од „Гранд“ најмногу успеала досега, без двоумење го посочи Дарко Лазиќ, со кого веќе имал заеднички настап.

„Ми беше чест. Дарко ни даде ветер во грб – тоа не се заборава,“ вели Станишиќ.

Слични објави

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо
Се вчитува....