06:32 - 10 јануари, 2026

Македонец продава леб со името „Лепа Брена“ во Америка: Дури и самата пејачка го пробала!

Лепа Брена е најголемиот бренд на Балканот! Освен што музички постигна сѐ што може да се постигне во изминатите 40 години, таа е успешна и во други бизниси – музичко издаваштво, недвижности, производство на алкохол, долна облека и чорапи и многу повеќе. И сето тоа се бизниси што сама ги започнала.

Постои и бренд што нема никаква врска со неа, но го носи нејзиното име. Таков е случајот со една пекарница во далечна Америка, која продава леб со име „Лепа брена“. За тоа зборуваше сопственикот Горан Тевдовски во еден поткаст.

– Ние го продаваме нашиот леб во Америка и се вика „Лепа брена“. Татко ми се сети дека тоа била некоја приказна одамна во Македонија, па ја презедовме идејата. Дури и Брена дојде да го проба и многу ѝ се допадна – раскажа тој.


Порталот „Курир“ прв објави дека Брена во Нови Сад има киоск за продажба на плескавици. Балканската ѕвезда никогаш не зборувала јавно за тоа, а ни граѓаните на Нови Сад не знаеле дека киоскот со храна е во нејзина сопственост сѐ додека порталот тоа не го објави.

Сепак, нешто што таа не го започнала како свој бизнис се зградите ширум Србија што го носат нејзиното уметничко име. Според познатите информации, една таква зграда има во Лесковац, а друга во малото градче Ресавица. Зградите имаат повеќе од 10 ката, па не чуди што некој добил идеја високите згради да се викаат по пејачката, со оглед дека и Лепа Брена е висока речиси 180 сантиметри.

Познато е дека Брена меѓу првите лансираше кукли, кои тогаш беа вистинска атракција. Дека и денес се интересни за луѓето, сведочи и тоа што сѐ уште може да се купи кукла слична на Барби со нејзин лик на разни сајтови за половна роба. Денес, според виденото, цената на една таква кукла е 9.000 динари.

Според медиумски написи од 2023 година, куклата Барби со ликот на Лепа Брена е дел од колекцијата на Музејот на Југославија во Белград.

– Ја издвојуваме од колекцијата куклата со ликот на Лепа Брена. Овој производ со ликот на познатата пејачка беше направен по повод албумот „Боли ме уво за све“, кој воедно е и музичка подлога за филмот „Ајде да се љубиме 3 – Се мажи Лепа Брена“ од 1990 година. Иако беше изоставен од актуелниот филмски спектакл, музејот е тука да ја исправи неправдата и да потсети на овој важен југословенски придонес во светот на Барбиките – стоеше во објавата на Инстаграм на Музејот на Југославија.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....