10.8 C
Скопје
10:43 - 24 октомври, 2026

Македонец ја обвини Вики Миљковиќ дека барала мито: „Ќе барам правда по судски пат ако не следи извинување“

По сериозните обвинувања од страна на поранешниот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков, кој тврди дека пејачката и членка на жирито Виолета Вики Миљковиќ од него барала мито, таа се огласи со официјално соопштение во кое остро ги демантира тие наводи и најави можни правни чекори.

„По повод неоснованите и целосно невистинити обвинувања што ги изнесе еден од поранешните кандидати за ‘Ѕвездите на Гранд’, чувствувам обврска јавно да се обратам. Наводите дека сум барала мито се апсолутна лага и злонамерна клевета“, наведува Миљковиќ во реакцијата.

Таа додава дека не само што обвинувањата се невистинити, туку длабоко го навредуваат нејзиниот професионален интегритет и честа што со години ги градела.

„Нема да дозволам никој да го користи моето име за да добие внимание преку лаги. Доколку Темелков не се извини јавно, ќе бидам приморана правдата да ја барам на суд – не од одмазда, туку за да го заштитам својот углед и луѓето што стојат зад мојата работа“, вели Вики.

Покрај личната реакција, соопштение објави и продукцијата „Гранд“, која цврсто застана во одбрана на Миљковиќ.

„Вики Миљковиќ е долгогодишна членка на жирито, уметница со беспрекорен професионален углед, чии заслуги во развојот на младите таленти се немерливи. Категорично ги отфрламе сите инсинуации дека некој од жирито, вклучувајќи ја и госпоѓа Миљковиќ, учествувал во недозволена комуникација со кандидатите“, стои во соопштението на продукцијата.

„Гранд“ додава дека нивните правила и етички стандарди се јасни и строго се почитуваат, без простор за било какви нерегуларности.

Слични објави

Гаги Ѓогани искрено за минатото во Земун и односите со Анабела: „Немаме повеќе енергија како некогаш“

Е.А.

(Фото) Бубе ИН и Деко стартуваат со ТРИ ИН – нова градска приказна за коса, нега и убавина

Еспресо

Евче призна дека сè уште е заљубена во Александар Динев: „Не е доволна само љубов за една врска да опстои“

К.С.

Хороскоп за 24 октомври: Овните ги очекуваат изненадувања, Јарците ќе се посветат на партнерот

Еспресо

„Не треба само да се оди во естетски салони“: Неда Украден откри како ја одржува витката фигура

Еспресо

„Џабе се потоа станови и скапи школарини“: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ не отстапуваат од ова златно правило за ќерката Нина

Е.А.
Се вчитува....