11:49 - 16 јануари, 2026

Мајка ѝ ја оставила на 5 години, а на пат кон погреб ѝ загинале двете сестри: Трагичната судбина на Јадранка Стојаковиќ

Јадранка Стојаковиќ беше една од најценетите пејачки на поранешна Југославија. Зад нејзиниот автентичен и раскошен глас стоеше живот исполнет со тешки загуби и трагедии, поради кои многумина подоцна велеа дека нејзините песни звучат како судбина запечатена со болка. И покрај сè, Јадранка се обидуваше да живее едноставно и да го прави она што најмногу го сакаше – да пее.

Нејзиниот животен пат беше потежок и од најтрагичните филмски сценарија. Речиси и да нема човек што не се ежи на првите тонови од нејзините безвременски песни „Сѐ можевме ние“ и „Што те нема“, кои по личните трагедии ги изведуваше со уште подлабока емоција.

„Животот ми беше тежок уште од детството. До петтата година живеев со мајка ми, која постојано се селеше од место во место. Потоа отидов кај баба ми, а подоцна грижата за мене ја презедоа вујко ми и неговата сопруга. И тие се селеа низ Германија, Норвешка и Шпанија“, раскажуваше Јадранка во едно интервју.

Уште како тинејџерка влезе во светот на музиката, а поради честите преселби, кариерата најпрво ја градела надвор од родната земја. Настапувала во џез-клубови во Германија, а нејзиниот талент подоцна ја однесе и во Јапонија, каде што помина цели 23 години.

Сепак, успешната кариера беше прекината од војната на овие простори. Јадранка подоцна признаваше дека не можела да ужива во успехот, бидејќи постојано размислувала за своите најблиски и за тоа дали се живи.

Додека престојувала во Јапонија, за време на воените деведесетти, ѝ бил одземен станот во Сараево кој бил во нејзина сопственост. Набргу потоа следуваше нова семејна трагедија – почина нејзината родена сестра. Јадранка допатува од Јапонија за погребот, не ни претпоставувајќи дека судбината подготвила уште еден страшен удар.

На пат кон гробиштата, пред нејзини очи, во сообраќајна несреќа во автомобилот пред нејзиниот, загина и втората сестра. Скрушена од болка, пејачката со тешкотии продолжи да живее понатаму, сè додека судбината повторно не ја погоди.

Во 2010 година, при излегување на сцена, Јадранка падна и се повреди. По тој настан, нејзината здравствена состојба нагло се влошуваше, а лекарите ѝ дијагностицираа болест на моторните неврони, амиотрофична латерална склероза, поради која стана целосно неподвижна.

„Нозете постепено ми откажуваа, сè додека не станав целосно неподвижна“, раскажа таа подоцна.

Како што ја губеше физичката сила, не успеа ниту да го врати станот во Сараево, па последните години од животот ги помина во Бања Лука. И покрај сè, до самиот крај го задржа ведриот дух. Во едно од последните интервјуа зборуваше за среќата и за силата на позитивните мисли.

„Интересно е кога човек ќе се запраша што е среќа и колку свесно влијаеме врз нашите мисли и добри дела. Би сакала луѓето да размислат за себе и за својот живот“, рече тогаш, признавајќи дека многумина ја заборавиле.

„Не можам ни да се сетам кој ми доаѓаше последниве месеци. Нема веќе мене. Немам глас. Болеста ми одзеде сè. Не можам да свирам, но често сонувам музика. Живеев цел живот со неа и како да имам концерти додека спијам. Сè уште можам да ја почувствувам, сè уште можам да ја слушнам“, изјави таа.

Јадранка Стојаковиќ почина на 3 мај 2016 година, на 66-годишна возраст, во дом за стари лица во Бања Лука. Беше погребана со својата гитара.

Иако физички нѐ напушти пред речиси една деценија, нејзината музика и денес живее. Песните не ја губат својата сила, туку продолжуваат да допираат до срцата на слушателите. Токму затоа, Јадранка Стојаковиќ засекогаш ќе остане запаметена како една од најголемите музички легенди на Балканот.

Слични објави

Мина Костиќ со емотивна исповед: „Зад мене е еден од најтешките периоди“

К.С.

Местото каде ќе биде погребан Мирослав Илиќ растажи многумина: „Корените ме влечат назад“

E.A.

Хороскоп за 16 јануари: Близнаците добиваат јасен одговор, Јарците ја чувствуваат стабилноста што ја граделе

Еспресо

(Фото) Луна Ѓоѓани ги покажа силиконските гради: Позира во едноставна маичка, а сите гледаат во нејзиното бујно деколте

Еспресо

„Горе во станот ми се двете ќерки“: Прво обраќање на Чеда Јовановиќ по доаѓањето на полицијата и извршителите

E.A.

Две недели по свршувачката, „пукна тиквата“: Ава Карабатиќ откри дека раскинала со момчето

E.A.
Се вчитува....