11:31 - 3 април, 2026

Луна Ѓогани сака да посвои дете: „Би му пружила живот каков што заслужува“

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ се родители на две девојчиња, а поранешната ријалити учесничка еднаш проговори за посвојување деца, а сега откри дека таа желба сè уште не ја напуштила.

Имено, Луна, гостувајќи во една емисија, зборуваше за своето семејство и се осврна и на темата за посвојување.

„Мојата прва ќерка одлично ја прифати својата сестра. И таа е мала, прилично е посесивна, сака внимание, но ја прифати многу убаво, постојано е со неа. Дури и ја храни, ѝ пее… Добро е што Лана не се жали. Навистина сум среќна што има таков однос кон неа“, изјави Луна своевремено.

Потоа, Луна одговори и на прашањето дали некогаш би посвоила дете.

„Кога би можела и кога би имала услови, можеби би посвоила дете. Би сакала да им помогнам на сите, на сите деца во светот, исто така би згрижила и сите животни. Некогаш си мислам, кога би имала голема куќа, би згрижила сè“, изјави Луна во едно интервју, а сега откри дека таа желба сè уште ја има.

„Секако, доколку имам услови и во договор со сопругот, би сакала да му помогнам на некого и да му овозможам живот каков што заслужува“.

Анабела и Гаѓи Ѓогани, родителите на Луна, отсекогаш ѝ биле поддршка, а еве како реагирале на приновата:

„Мама и тато полудеа по Лана. Мама еднаш ми рече: „Боже, како сега ќе можам да ја поделам оваа љубов што ја имам кон Миa?“ Но, штом ја видоа, веднаш се заљубија во неа и ја засакаа бескрајно“, заклучи Луна во емисијата „Премиера викенд специјал“.

Слични објави

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо
Се вчитува....