03:37 - 6 април, 2026

(Фото) Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ ја продаваат викендицата: Вложиле 10.000 евра, а сега бараат дупло – 24.000!

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ пред три години открија дека станале сопственици на плац во селото Мраморак, со план таму да изградат викенд-куќа во која ќе бегаат од градската врева.

Меѓутоа, како што дознаа медиумите од извор близок до парот, тие во меѓувреме направиле план од оваа недвижнина да создадат мало етно-село кое би го изнајмувале за прослави и викенд-престои. Сепак, амбициозната идеја никогаш не се реализирала, па сега решиле имотот да го продадат.

Фото: Скриншот

Брачниот пар ја нуди недовршената куќа и плацот за 24.000 евра, иако, според претходните сопственици, пред само три години ја купиле за 10.000 евра. Со едноставна математика може да се заклучи дека сега бараат двојно повеќе од вложеното, плус евентуалните дополнителни трошоци за кои тие велат дека ги имале при уредувањето.

Според огласите, станува збор за новоградба со површина од 141 квадратен метар, додека плацот има 14,5 ари. Во описот се наведува: „Продавам недовршена куќа во Мраморак, прекрасно село кое се наоѓа меѓу Панчево и Ковин, на 45 минути возење од Белград. Објектот е во самиот центар на селото“.

Иако Луна и Марко првично имаа големи планови за имотот, сега очигледно одлучиле да се ослободат од него – но со надеж дека ќе заработат дупло.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....