6.8 C
Скопје
22:38 - 14 март, 2026

Лепа Брена им постави услов на Хрватите: Закажа и трет концерт, а ова се желбите што мора да ги исполнат

Музичката ѕвезда Лепа Брена успеа за рекордно време да распродаде два концерта во Загреб, а закажа и трет.

Како што неодамна призна за медиумите, Лепа Брена имала само еден услов за организаторите: да пее со пауза меѓу концертите.

– Ќе пееме во загрепската Арена сè додека ги полниме. Секако, тоа ќе го направиме со некои паузи. Тоа време кога постигнував рекорди, тоа беше помеѓу 1982 и 1990 година. Имавме 31 ден последователно секој ден настап. Потоа пеев 17 дена во Сава центар… На оваа возраст верувам дека не треба повеќе да бркаме никакви рекорди, ниту да бркаме некои бројки. Сакам убаво да работам, да уживам, да не сум преморена. Можеме евентуално да направиме два концерта по ред, а потоа следниот ден да има пауза, да се ресетирам. Ниту помладите околу мене не можат да го издржат тоа темпо. Јас сум сериозен маратонец, како што гледате, колку години работам… И професионалец – изјави неодамна Брена за српските медиуми кои се собрале на еден настан.

Да потсетиме, Лепа Брена неодамна ` беше гостинка на својата снаа Александра Пријовиќ во Арена Загреб, каде заедно со неа испеа неколку песни.

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....