17:58 - 2 април, 2026

Лепа Брена го искара Виктор за старлетите: Сандра е добра девојка!

Лепа Брена не крие колку е воодушевена од изборот на нејзиниот син Виктор, кој е во врска со Сандра Милјаковиќ скоро една година.

Таа ја сака толку многу што дури и му одржа лекција на Виктор, дека не смее да ја изневерува и да ја ризикува врската.

„Брена ја сака Сандра затоа што е зрела за својата возраст, вредна и амбициозна, а особено што има позитивно влијание врз Виктор”, пишува „Стар“.

Instagram

Сандра и Виктор го минуваат одморот во Монако, заедно со Брена и Боба Живојиновиќ.

„Сандра се навреди бидејќи Виктор доби пораки на Инстаграм од старлета, за што имаше жестока дискусија. Нагласи дека не сака повеќе вакви пропусти и дека е потребно тој да се изјасни како зафатено момче. Брена го посоветувала дека Сандра е квалитетна девојка за која треба да се грижи и која ќе биде прекрасна сопруга и мајка“, додал изворот.

 

Instagram

„Таа има голема почит кон целото семејство на Виктор, не е тешко за неа да им помогне околу куќата или во кујната. Таа е вредна и посветена “, открива изворот.

„Треба да бидеш сериозен и да разбереш каква девојка имаш покрај тебе! Дали мора да изгубиш убава девојка заради девојки кои сакаат маркетинг. Направи разлика помеѓу девојките кои навистина вредат и те сакаат за она што навистина си и останатите. На Сандра не и е грижа дека си мој син, затоа вразуми се“, му рекла Брена на Виктор.

Instagram

„На Виктор не му се допадна што неговите мајка и татко го искараа, затоа рече дека не е виновен и дека не може да ги спречи девојките да му праќаат пораки! Тој сигурно не им одговара и Сандра тоа го знае! Додаде дека и е верен на неа и дека ја сака, затоа нема потреба воопшто да се разговара на темата “, додал изворот за Стар.

Instagram

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо
Се вчитува....