23:15 - 5 април, 2026

„Куку леле“ ќе бидат гости на Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на Љубомир Рајчевски – Рајче во скопското село Глуво

В сабота на 13 септември, на стадионот во село Глуво на Скопска Црна Гора ќе се одржи финалето на 19. по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски – Рајче“. Годинава по завршувањето на спортскиот дел ќе настапи македонска поп група „Куку леле“, со своите најголеми хитови.

Ова е спортска манифестација која ја негува традицијата и преку спортот ги зближува и обединува граѓаните. Турнирот се одржува во чест на долгогодишен фудбалер на ФК Вардар, легендарниот Љубомир Рајчевски – Рајче, чие потекло беше токму оттаму. Организаторите на турнирот на кој учество земаа 28 екипи ги покануваат сите љубители на фудбалот да бидат дел од традиоционалниот спортски настан, на кој победниците во големото финале, ќе добијат парична награда од 350.000 денари. Покрај спортскиот, оваа манифестација традиционално има и културно-естраден карактар, годинава со настапот на „Куку леле“.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо
Се вчитува....