16:07 - 13 ноември, 2026

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Културната иницијатива „Комшилук“ ја освои наградата „Нов европски Баухаус 2026“, што ја доделува Европската комисија, за проектот „Травијата во три чина“. Признанието беше доделено на 15 октомври во Брисел, во категоријата „Rising Stars“, во рамките на тематската област „Зајакнување на локалната демократија и инклузијата“.

Проектот, инспириран од познатата опера „Травијата“ на Џузепе Верди, беше реализиран меѓу шест станбени згради во скопската населба Железара. Балконите, прозорците и просторот меѓу зградите беа претворени во сцена, а жителите станаа активни учесници во изведбата.

За разлика од оригиналната опера, која завршува трагично, оваа адаптација на приказната за Виолета и Алфредо доби среќен крај, со голема свадбена прослава во која учествуваше целиот комшилук.

„Да се биде добар граѓанин започнува со тоа да се биде добар комшија. Комшилукот е најмалата, но и најважната граѓанска единица каде што се учевме на солидарност, одржливост и заедништво – вредности кои денес се препознаени на европско ниво, а кај нас се заборавени“, изјави основачот на „Комшилук“, Стефан Александар Јовановски.

Во реализацијата на проектот учествуваа околу 150 луѓе, меѓу кои повеќе од 100 локални жители, а изведбата ја проследија приближно 2.000 посетители.

Европското признание отвора можности концептот на „Травијата во три чина“ да се реализира и во други градови, со приспособување на изведбата кон локалниот простор и заедницата.

Слични објави

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....