00:54 - 13 април, 2026

Ќерката на Дејвид Боуви има 19 години, а Иман не сака таа да се експонира во јавноста

Лекси, ќерката на Дејвид Боуви и Иман денес има 19 години. И покрај тоа што е дете на славни родители, Лекси не пораснала под светлата на рефлекторите. Нејзините родители по секоја цена сакале да го избегнат тоа.

EPA/Tommy Hilfinger Corporation

Лекси, со полно име Александра Захара Џонс, која живее во Лос Анџелес и се обидува да се пробие како уметница,на својот инстаграм-профил напиша дека мајка си Иман не ја видела шест месеци и дека многу и недостасува. Не се видела со мајка си поради коронавирусот кој беснее во Америка. Додека Иман живее во Њујорк каде што е нивниот дом, Лекси е моментално во Калифорнија.

Instagram

„Имам 19 години, ама сè уште сум дете и мама ми недостасува“, напиша Лекси.

Инаку Лекси не е експонирана во јавноста. Целото семејство и пред смртта на Дејвид Боуви живеело повлечен живот. Дејвид и Иман се венчале на мала церемонија во Швајцарија во 1992 година и биле во брак до 2016 година, кога тој починал од рак на црниот дроб.

Instagram

Лекси е нивно единствено заедничко дете, а Дејвид Боуви има и син од бракот со првата сопруга.

Иман не сака ќерка и да тргне по нејзините стапки во манекенствово.

Instagram

– Секоја агенција, секој дизајнер ми се јави да ми каже: „Ако сака, може да биде наш модел“. Одоговарав: „Не, не сака.“. Знаев зашто сите сакаа да ја ангажираат – затоа што му е ќерка на Дејвид Боуви – раскажа во едно интервју Иман.

„Мислеше дека премногу ја штитам, ама и реков дека сè може да причека. Ништо нема да и побегне. Имај свој живот додека можеш, еден ден сигурно ќе биде јавен, затоа уживај сега“, зборува Иман за нејзиниот заштитнички став кон Лекси.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....