10:20 - 6 април, 2026

Ќерката на Чола позира во скапа бунда, а дечкото ги влече куферите: Уна Чолиќ откри дека е во Скопје со 10 години постариот партнер

Ќерката на легендарниот пејач Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, повторно ја заинтригира јавноста со објави на социјалните мрежи. Овој пат – од Скопје.

На една од фотографиите, Уна позира пред огледало облечена во впечатлива, скапа бунда, додека во позадина се гледа нејзиниот партнер како во лифт ракува со куферите, свртен со грб кон камерата. Кадарот веднаш привлече внимание, а романтичниот тон продолжува и низ останатите објави.

Празнично украсени улици, зимски пејзажи под снег, возење низ снежна бура и панорамски погледи кон покривите на Скопје под зимското небо – атмосферата потсетува на филмска разгледница. Сè зрачи со мир и топлина, а Уна јасно стави до знаење дека ваквиот одмор ѝ прија и дека ѝ значи дистанцата од секојдневните обврски.

Фото: Скриншот

Како што пишуваат медиумите, наследничката на Чола наводно е подготвена за следниот голем чекор – брак. Таа и нејзиниот партнер, кој е десет години постар од неа, веќе неколку години уживаат во стабилна врска, а блиски извори тврдат дека веридбата е поблиску од кога било.

„Уна и нејзиниот дечко се неразделни. Здравко Чолиќ му дал благослов и го прифатил во семејството со раширени раце. Сериозно размислуваат за веридба“, открива извор за домашните медиуми.

Уна, нејзиниот партнер и помладата ќерка на Чола, Лара, неодамна заедно отпатувале и на концерт на пејачот во Австрија, што дополнително говори за блискоста и семејната хармонија.

Самиот Здравко Чолиќ неодамна искрено проговори на оваа тема.

„Би сакал тоа, колку што можам, малку да го одложам – без разлика на годините. Постарата ќерка е веќе стабилна, помладата е уште млада. Сè е во Божји раце. Убаво е децата да прошетаат, да работат на себе, но судбината е судбина – таа секогаш ќе те дочека“, изјави Чолиќ.

Очигледно е дека Уна Чолиќ ужива во љубовта, патувањата и животот, а јавноста со љубопитност следи дали наскоро ќе стигне и официјална потврда за веридба.

Слични објави

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.
Се вчитува....