5.8 C
Скопје
07:34 - 1 април, 2026

Кеба отворено за врската меѓу Игор и Северина: Не зборувам со нив!

Instagram

Пејачот Драган Којиќ Кеба проговори за односот меѓу неговиот син Игор и неговата снаа Северина, за кои со месеци се шпекулираше дека не се во добри односи и дека се пред развод.

Instagram
Instagram

Северина со месеци не е видена во јавноста во друштво на нејзиниот сопруг Игор Којиќ. Нивниот бракот е наводно во криза, но пејачката сега единствено е фокусирана на борбата за старателство над нејзиниот син, а пред јавноста не зборува за односот со нејзиниот сопруг. Кеба кратко рече дека не знае што се случува во бракот на Северина и Игор.

Instagram

„Новогодишните празници ќе ги поминам дома, но се сомневам дека со целото мое семејство ќе бидеме заедно. Кога ме прашувате за Северина и Игор, немам претстава што се случува во нивниот брак, не разговарам со нив! Ниту, пак, треба да се мешам во тие работи. Не се слушам често со мојот син затоа што има многу обврски, па затоа и често не е дома. Не знам што се случи со Северина, не разговаравме за тоа. Долго време е во Хрватска, не знам дали планира да си дојде наскоро, тоа е нејзина работа“, одговори свекорот на Северина.

На прашањето дали двојката ќе го помине Божиќ заедно и дали ќе бидат со своето семејство во Белград, Кеба одговори:

Instagram
Instagram

Мојот син и снаа имаат сопствен живот. Морате нив да ги прашате дали ќе бидат во Белград за празниците. Не можам да одговорам за нив, бидејќи не сум добро упатен. Не знам ни јас”.

Северина до оваа пролет беше во идеална врска со родителите на Игор и помина голем дел од месец март во нивната куќа во Белград кога се случи првиот карантин поради пандемијата на коронавирусот. Откако Северина се врати од Белград во Загреб, медиумите во Србија објавија дека таа, наводно, имала силна расправија со родителите на Игор, а расправијата, наводно, била предизвикана од нејзиниот предлог до фамилијата Којиќ да ја реновираат куќата.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....