02:01 - 6 април, 2026

Канjе Вест по разводот со Ким Кардашијан ќе се сели во Лондон?

Profimedia

По веста дека Ким Кардашијан и Канје Вест се разведуваат, јавноста со нетрпение очекува нови детали.

Медиумите шпекулираат дека Канје Вест сериозно размислува да се пресели во Лондон по разводот.

„Канје споделил со своите пријатели дека својата иднина ја гледа во Лондон кога ќе се финализира разводот. Тој исто така сака да го прошири својот тим со кој редовно настапува на „неделни служби“во Европа и смета дека Лондон би можел да биде добар почеток за тоа“, изјави извор за  Mirror.

Иако нивниот развод за многу нивни фанови беше шок, се чини дека има и такви кои знаеле дека овој ден ќе дојде некогаш. Поранешната дадилка на семејството Кардашијан, Пем Бехан (52),  уште на самиот почеток на нивниот брак знаела дека нема да трае вечно.

„За разлика од Ким, Канје не знаел како да се носи со големиот успех. Лично и се восхитувам на Ким што се обиде да го одржи тој брак шест години. Знам дека тоа го правеше најмногу поради децата“, изјави таа за „ The Sun“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо
Се вчитува....