18:50 - 5 април, 2026

Како од мајка родена! Бритни Спирс објави фотографија на која е целосно гола, фановите загрижени за нејзината психичка состојба

Американската пејачка Бритни Спирс повторно „дигна прашина“ на социјалните мрежи со својата најнова објава – фотографија на која е целосно гола.

Иконата на поп музиката позира со грбот свртен кон камерата, со кренати раце и поглед низ голем прозорец. Пејачката носи само црни чизми до колена, додека долгата руса коса ѝ паѓа по грбот. За да го цензурира својот задник, таа стратешки поставила емотикон во форма на мала роза.

Објавата немаше опис, а Спирс ги исклучи коментарите. Сепак, за десетина часа, фотографијата собра повеќе од 200.000 допаѓања.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Да потсетиме, Бритни Спирс неретко објавува содржина на социјалните мрежи со која го споделува своето секојдневие – од пеење и танцување, до пробување облека. Но, едно неодамнешно видео ги загрижи обожавателите особено.

На снимката, споделена на 18 август, Спирс е прикажана како танцува во голема, неуредна соба во нејзиниот дом и ја пее песната „Unfaithful“ на Ријана со делумно британски акцент. Во позадина се гледаат кучиња како трчаат, а во еден момент, на подот се гледа нешто што изгледа како кучешки измет.

Иако тогаш ги исклучи коментарите, дискусијата се префрли на социјалната мрежа Икс, каде што фановите беа поделени – додека некои изразија загриженост за нејзината состојба, други ја бранеа.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....