11.8 C
Скопје
03:43 - 30 октомври, 2026

Како Френк Синатра му станал кум на најпознатото куче од цртаните филмови

Откако во далечната 1969 година се појави на сцената, кучето Скуби Ду набрзо стана еден од најпопуларните ликови од цртаните филмови на сите времиња, а сето тоа благодарение на легендарниот музичар Френк Синатра.

Од овој цртан филм подоцна беа направени и многу телевизиски емисии, филмови, играчки за деца, како и многу други интересни работи.

Меѓутоа, во првичната идеја за создавање на ликот на Скуби Ду, големото куче било само спореден лик во серијата која требало да се вика „Мистерија пет“.

Станувало збор за пет тинејџери кои патувале низ светот свирејќи музика и решавајќи мистерии.
Кога станува збор за ликот на Скуби, негово име било „Премногу“, а свирел бонго и никаде не одел без капа и очила за сонце.

Меѓутоа, луѓето од „Си-Би-Ес“ не биле премногу воодушевени од неговиот лик. Откако погледнале како изгледаат сите ликови, тие одлучиле дека серијата ќе биде премногу страшна за децата.
Работите не изгледале добро за цртаниот филм на компанијата „Хана-Барбера“, а токму тогаш „стапил на сцена“ и Френк Синатра.

Додека летал за Лос Анџелес, уредникот на детската програма на „Си-Би-Ес“, Фред Силверман, ја слушал обработката на песната на Синатра, „Strangers in the night“.

На крајот од песната, Синатра почнал да импровизира, пеејќи некои бесмислени работи и неповрзани зборови како „дуби-дуби-ду“.

Во тој момент, Силверман наеднаш дошол на идеја името на кучето за кое сметал дека ќе стане вистинска ѕвезда на серијалот, да биде Скуби Ду.

По ова, тој се вратил во седиштето на „Си-Би-Ес“, каде што им ја пренел својата идеја и на останатите вработени, кои ја прифатиле со големо воодушевување.

На тој начин било креирано името на Скуби Ду, најпознатото куче од цртаните, со кое пораснаа многу деца ширум светот.

Слични објави

Зошто толку нè вознемирува кога некој не ни одговара на порака? Психологијата го објаснува стравот што се крие зад чекањето

К.С.

Емина Јаховиќ со необични совети за детоксикација: „Ако немате сауна, влезете во автомобилот и вклучете го греењето на најсилно“

Еспресо

Уна Чолиќ доби подарок од 7.000 евра од дечкото – го прослави својот 25-ти роденден во Виена

Еспресо

Дара Бубамара подготвува полнолетство на синот, а најави и свадба и желба за уште едно дете

Еспресо

(Фото) Бресквица го покажа новиот дечко – ужива со него во авантурите во Дубаи

Еспресо

(Фото) Македонската блогерка Јована Трајковска стана мајка — на свет пристигна малиот Матиас

К.С.
Се вчитува....