10.8 C
Скопје
18:40 - 12 март, 2026

Кајли Џенер сè уште не му дала име на седуммесечниот син: „Чекаме малиот да порасне и да си даде име“

кајли џенер тревис скот

Кајли Џенер ја потсети јавноста дека нејзиниот седуммесечен син се уште нема име. На почетокот таа и нејзиниот партнер Тревис Скот го нарекоа Волф, но брзо се предомислија. За време на втората сезона на серијата „Кардашијанс“, реалити ѕвездата прозборе за името на нејзиниот син и откри дека неговото легално име е сепак Волф Вебстер, иако сака да го промени.

Како што откри, изгледа почувствувала притисок да го именува својот син и се согласила со името Волф, име кое и го предложила нејзината сестра Клои. Отпрвин и се допаднало, но како што поминувало времето се повеќе ѝ се чинело дека не го избрала вистинското име.

– Навистина немавме име. Мислев дека ќе ни текне кога ќе го видиме. Но, не. – рече Кајли и додаде дека го нарекла Волф кога морала да се потпише на изводот на родени затоа што „чувствувала притисок“.

– Го нарековме Волф и веднаш откако го потпишав изводот, си помислив: „Што направив?“ – рече таа и откри дека Тревис постојано размислувал за името.

– Тревис веќе неколку пати го менуваше името на синот. Еден ден му се допаѓа, а следниот ден пак сака да го промени. Ѝ реков: Не можеме да го повториме ова – рече таа и се пошегува дека сега чекаат „малиот да порасне и да си даде име“.

Слични објави

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо
Се вчитува....