21:15 - 4 април, 2026

Јелена Розга и Иван Хуљиќ не се следат на Инстаграм: Почнаа нови гласини за најпознатиот пар во моментов!

Регионалните медиуми, кои ја следат естрадата, со месеци пишуваат за наводната врска меѓу пејачка Јелена Розга и Иван Хуљиќ, синот на Тончи и Вјекослава Хуљиќ. Среде гласините, фановите сега сфатија една работа што дефинитивно им го привлече вниманието.

Тие забележале дека Јелена и Иван не се следат на Инстаграм. Поради ова почнаа да се шират гласини дека тоа е нивна суптилна реклама на врската, особено ако се земе предвид дека Розга ги следи таткото на Иван – Тончи, сестрата Хана Хуљиќ и нејзиниот сопруг Петар Грашо.

Розга и Хуљиќ беа снимени заедно во Торонто на почетокот на март. Со нив беше и Петар Грашо кој настапуваше со Розга. Нивните фотографии се појавија на Инстаграм, но во меѓувреме се избришани.

Да потсетиме дека гласините за нивната врска траат уште од минатата година. „Курир“ на почетокот на годината објави фотографии направени во летото 2024 година, на кои се гледаат Јелена Розга и Иван Хуљиќ како шетаат низ Будимпешта фатени за рака. Тие биле видени заедно и претходно. На почетокот на годината некој ги снимал и во продавница. Фотографиите потоа до далматинскиот портал ги испратил читател, кој изјавил дека Јелена и Иван, кој е 10 години помлад, му изгледаат „опуштено и весело“.

Петар Грашо претходно ја коментираше наводната врска.

„Тончи навистина нема среќа. Не сакаше неговите деца да се занимаваат со музика, а и двајцата се музичари. Така доби зет кој е музичар, а сега и неговата снаа е музичар. Тоа што го сака Тончи веројатно нема да се оствари“, изјави Грашо за „Блиц“, навидум потврдувајќи ги гласините.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....