8.8 C
Скопје
21:08 - 30 март, 2026

Јелена Розга „фатена“ со синот на Тончи Хуљиќ: Пејачката во љубов со 11 години помладиот композитор?

Хрватската пејачка Јелена Розга отсекогаш го криела својот приватен живот, особено љубовта, од љубопитните очи на јавноста, а веќе подолго време се шпекулира дека е вљубена во композиторот Иван Хуљиќ, кој е 11 години помлад од неа и е син на Тончи и Вјекослава Хуљиќ.

Розга никогаш не зборувала многу за своите момчиња, дури и кога врските ѝ биле сериозни, а познато е дека со Иван е блиска пријателка долги години.

Претходно хрватските медиуми пишуваа дека Розга после секое раскинување наоѓа утеха покрај Иван, но таа постојано потенцираше дека се пријатели. Сега двајцата биле фатени во некоја продавница.

Се пишуваше и дека Иван често ја посетува Јелена во нејзиниот стан во Сплит, но тие ги демантираа наводите за врската.

„Неколку пати ја демантирав оваа вест. Јас и Иван сме долгогодишни пријатели. Некој не фотографирал додека се дружевме, а не бевме ни сами. Мислам дека таа вест не заслужува толку внимание. Но, исто така мислам дека имам право да имам пријатели и да можам да пијам кафе со кој сакам, а утре да не излезе како некоја голема вест за мојата нова наводна љубов“, коментираше тогаш пејачката за хрватските медиуми.

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....