9.8 C
Скопје
19:06 - 11 март, 2026

Јелена Карлеуша во паника: „Цела ноќ плачев во хотелската соба во Париз“

Пејачката Јелена Карлеуша првпат јавно откри дека доживеала лоша ситуација за време на Модната ревија во Париз, кога го изгубила својот ајфон, кој никогаш потоа не бил пронајден.

Како што раскажа, токму поради фотографиите, видеата и коментарите што се наоѓале во телефонот, таа цела ноќ плачела во хотелската соба.

„Луѓето ме прашуваат зошто сѐ уште не користам ајфон 17. Морам да кажам дека бев меѓу првите што го купија ајфон 17 про макс, но искрено ме мрзи да ги префрлам сите податоци од еден телефон на друг“, изјави Карлеуша.

Таа раскажа дека инцидентот се случил за време на хаосот на ревијата, кога работела на модната недела за Ветмоа. Во тој период користела стар ајфон, а пријателите долго време ја убедувале да го замени со нов модел.

„Ќе ви раскажам една анегдота. Кога работев на модната недела за Ветмоа, имав стар ајфон кој веќе се распаѓаше. Во целиот тој хаос на ревијата го изгубив телефонот и цела ноќ плачев во хотелската соба во Париз, затоа што не можев да ги видам ни фотографиите, ни видеата, ни коментарите“, откри таа.

Иако ангажирала голем број луѓе да ѝ помогнат да го најде телефонот, потрагата била безуспешна.

„Ми даваа свои телефони за да читам од нив, но јас сакав од мојот. пребаравме сѐ, превртевме сѐ. Ги малтретирав и дизајнерите, и моделите, и публиката. Очигледно, само виша сила може да ме натера да ги префрлам податоците“, заклучи Карлеуша.

Слични објави

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо
Се вчитува....