09:05 - 6 април, 2026

Исплива никогаш видена фотографија на Халид Бешлиќ: Вака изгледал легендарниот пејач за време на војничките денови

На социјалните мрежи се појави досега невидена фотографија од легендарниот босанскохерцеговски пејач Халид Бешлиќ, која за кратко време привлече огромно внимание.

Фотографијата е објавена во групата „Пронајди другари од поранешната ЈНА“, а според наводите, потекнува од 1977 година.

Сликата ја споделил корисникот Нихад Палош, а во коментарите следеа бројни реакции.

„Голем пејач и боем“, „Здрав, харизматичен и убав дечко“, „Ист како Жан-Клод“, се само дел од пофалбите што се редеа под објавата.

Фото: Фејсбук

Инаку, Халид Бешлиќ и самиот во минатото зборуваше за служењето војска во Обреновац, каде што бил миленик на капетанот Влаховиќ, задолжен за спорт и музика.

„Му отпеав една црногорска песна и тој ми рече дека морам да пеам во гарнизонот. Единствениот проблем беше што постојано ќе морам да ја пеам истата песна“, раскажуваше БЕШЛИЌ во една пригода.

Пејачката Слаѓана Мандиќ неодамна искрено проговори за заминувањето на Бешлиќ, со кого требало да настапи за Нова година. По неговата смрт, таа го откажа настапот и откри колку многу ѝ значел во кариерата.

„Многу ми помогна. Доволно беше Халид некаде да ве пофали и тоа отвораше врати. Ја следеше мојата работа, ми даваше совети и секогаш ме поддржуваше. Многу ми недостига“, изјави таа, додавајќи дека и денес има чувство како тој да е присутен преку својата музика.

Слични објави

(Фото) Голи раменици, без градник: Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.
Се вчитува....